ОДБОР НА ДИРЕКТОРИ
Одборот на директори на Орка холдинг АД Скопје управува со Друштвото. Правата и обврските на Одборот на директори, во согласност со Законот за трговски друштва, се регулирани со Статутот на Друштвото. Одборот на директори се состои од 4 (четири) членови, од кои 3 (три) се неизвршни членови и еден е извршен член кој го носи називот главен извршен директор.
ЈОРДАН КАМЧЕВ
Извршен дирктор на Орка Холдинг АД Скопје, со неограничени овластувања во внатрешниот и во надворешниот промет. По струка е дипломиран економист. Роден е на 24 јули 1970 година во Скопје, Р.Македонија. Има 20 години професионално искуство. Одговорен е за севкупното работење на Компанијата.
РАТКА КУНОСКА-КАМЧЕВА
Претседател на Одборот на директори на Орка Холдинг АД Скопје. По струка е дипломиран економист. Родена е на 16 октомври 1945 година. Има 40 години професионално искуство. Одговорна е за финансиските операции на Компанијата.
КРИСТИНА КАМЧЕВА- СТОЈЧЕСКА
Неизвршен-независен член на Одборот на директори на Орка Холдинг АД Скопје. По струка е дипломиран економист. Родена е на 11 јануари 1972 година. Има 15 години професионално искуство. Одговорна е за севкупните производствени операции на Компанијата.
ДОБРИЛА КОРОВЕШОВСКА
Неизвршен член на Одборот на директори на Орка Холдинг АД Скопје. По струка е дипломиран инженер-архитект. Родена е на 21 септември 1954 година. Има 27 години професионално искуство.