dvadva eden dva dva trii

ОБРАЌАЊЕ НА ДИРЕКТОРОТ

Почитувани пријатели,

Во далечната 1989 година една визија почна да станува стварност, почна да се остварува мисијата да бидеме синоним за компанија која постојано поставува стандарди како на полето на производството така и на полето на трговијата. Почнавме со производство на површина од 200 м2 со само триесет работници и само една продавница, за во годините кои следеа да развиеме голема малопродажна мрежа, да добиеме застапништва на бројни светски брендови, да отвориме големи производствени капацитети... Исполнивме дел од мисијата. Направивме малопродажна мрежа од четиринаесет спортски продавници, отворивме претставништва на пазарите во соседството, отворивме три производствени капацитети. Но, не застанавме тука.

Желбата да прераснеме во проактивна компанија која креира нови трендови, ги задоволува потребите на своите потрошувачи и соработници(клиенти), а пред сè нуди висок квалитет на производи и услуги, нé мотивираше да прераснеме во компанија која создава и работи во чекор со времето. Нашата работна политика доби јасен правец. Веќе не беа доволни просечните решенија, туку тргнавме по патот на ефективно реализирање на нашата креативна енергија. Благодарение на ова, како и на континуираното инвестирање во едукацијата на кадрите, инвестирањето во модернизацијата на производствените процеси, се искачивме еден чекор погоре и создадовме сопствен бренд со кој го освоивме нашиот пазар , но и пазарите во соседството бргу го препознаа квалитетот на брендот кој го нудиме.

Во нашето портфолио влегоа проекти кои дополнително придонесоа за унапредување на нашиот имиџ. Го остваривме проектот „Прва приватна здравствена установа”. Можеби најважниот мотив беше да направиме болница која ќе биде гордост на земјата која ја чувствуваме како татковина, која не сакаме да ја напуштиме и да докажеме дека сме способни да поставиме стандарди еднакви, па дури и повисоки од европските. Едноставно да покажеме дека можеме. Во изминативе дваесет години Орка Холдинг израсна во компанија со преку 1.000 вработени и реализираше проекти преку кои се поставија нови стандарди во работењето во Република Македонија.

Денес нашата компанија успешно ги одржува сите во минатото започнати проекти, но и константно се залага за подобрување на својата репутација и наоѓање нови креативни решенија за реализација на своите идеи и континуиран раст.

Во Орка холдинг секогаш размислуваме во духот на нашиот основач: со градењето јака и моќна компанија ја правиме и нашата држава помоќна.
Во остварување на оваа цел ги поддржуваме и развиваме сите наши досегашни достигнувања и со оваа мисла  продолжуваме да ја збогатуваме нашата земја, нашите вработени и нашите акционери.

#slika2