dvadva eden dva dva trii

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

Почит кон заедницата во која делуваме


Во Орка Холдинг веруваме дека успехот на една компанија не се вреднува само според профитот и водечката позиција на пазарот туку и според тоа колку компанијата е одговорна кон заедницата. Затоа настојуваме нашите активности да бидат засновани на одговорна работна пракса со цел да ја оправдаме довербата на клиентите и заедницата во која делуваме.

Да се биде општествено одговорен,  значи да се исполнуваат законските обврски, да се вложува во човечкиот капитал,  околината и континуирано да се негува односот кон партнерите и клиентите. Настојуваме да ги препознаеме потребите на заедницата во која делуваме, давајќи ја поддршката на иницијативите кои имаат најшироко општествено значење. Орка Холдинг поддржува проекти, иницијативи и поединци кои се благодет за општеството. Преку бројни активности компанијата има за цел позитивно да влијае врз животната средина, заштита на потрошувачите, вработените, заедницата, акционерите и  врз сите сегменти во општеството.  Поддршката на проектите од  здравството, образованието, спортот, како и хуманитарни акции се неизбежен дел од Орка Холдинг, која се смета за  компанија која ги цени поединечните и колективните вредности.

Орка Холдинг го почитува секој поединец и промовира отворена размена на искуства, критики и идеи. Најголемиот удел како општествена одговорна компанија е во унапредувањето на вработените,  развојот на тимот, мотивацијата и негувањето на моралните вредности  во самата организација. Нашата компанија е посветена во пружањето еднакви можности за вработување на сите лица и не ја толерира дискриминацијата врз која било основа. Орка холдинг се стреми  да создаде квалитетно и разновидно опкружување со постојано усовршување на вработените и начинот на нашето управување. Нудиме можност нашите вработени сами да ги поставуваат своите предизвици и на тој начин да ги откриваат своите квалитети и способности.

Придонесот во целокупниот развој на заедницата Орка Холдинг го прифаќа како обврска, но и привилегија. Во секојдневната трка по профит и успех не смее да се заборави на општествената одговорност што како компанија треба да ја негуваме.

Орка Холдинг се стреми стратегијата на раководење да ја насочи кон иновативни партнерства, храбри иницијативи, развивање на потенцијалот на заедницата и воспоставување на рамнотежа меѓу потребите на заедницата, потребите на општеството и зачувување на природата !

#slika2