dvadvadva eden dva trii

OРКА ХОЛДИНГ

Орка Холдинг АД Скопје е основана на 30 јануари 1990 година. Компанијата управува и раководи преку своите органи: Собранието на акционери и Одборот на директори.

Работењето на компанијата се заснова на економските начела на ликвидност, сигурност и рентабилност и начелата за лојална конкуренција на пазарот, добрите деловни односи и деловниот морал. Примарна деловна цел на “Орка” е мерење и подобрување на задоволството на своите клиенти, од аспект на квалитет, рокови на испорака, технологија и услужливост.

Денес “Орка” ја сочинуваат компании членки кои ги обединуваат работните активности во земјата и во странство: извоз, увоз, застапништво на странски фирми, производство, дистрибуција и малопродажба, спортско новинарство и приватно здравство.

Главна цел на сите членки од групацијата е квалитетот во сите области на делување. Постојаниот развој и инвестирањето во проширување и зајакнување на малопродажната мрежа, во нови деловни објекти, во развој и унапредување на политиката на компанијата, се битен мотив и двигател за вработените, за нивно постојано докажување, усовршување на своето знаење и напредување. Отворањето нови работни места е можност млади кадри да го најдат своето место во една од најуспешните македонски компании.

           


           

#slika2